СООПШТЕНИЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ВО ВТОРИОТ (ЛЕТЕН) ИСПИТЕН РОК 2021/22 ГОДИНА
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
a
СООПШТЕНИЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ВО ВТОРИОТ (ЛЕТЕН) ИСПИТЕН РОК 2021/22 ГОДИНА
a
Начин на пријавување на испитите: Со физичко присуство.
1. Пријавувањето ќе биде од 23.5.2022 год. до 30.5.2022 год.
2. Студентот има обврска испитот/-ите најпрво да го/ги пријави електронски преку „iKnow“-системот, а потоа да дојде и во канцеларијата за Студентски прашања на ХЕФ за пријавата да му биде заверена и физички (со печат).
3. Уплата се врши за испити кои се полагаат по втор и повеќе пати, како и за пријавување испити од страна на вонредни студенти. Примерок од уплатницата ќе најдете на линкот подолу.
a. Оригиналната уплатница се прикачува кон пријавата и се доставува заедно со пријавата за да биде заверена.
b. Ако пријавувате повеќе испити, целата сума можете да ја уплатите на една уплатница со тоа што за секоја пријава ќе донесете копија од уплатницата.
c. Уплатите извршени преку услугата за електронско банкарство задолжително треба да имаат и печат од банката. Без печат нема да можеме да ви ги признаеме.
4. Студентите задолжително со e-допис да го информираат професорот во кој од понудените 2 (два) термина ќе го полагаат испитот.
5. Пријавата за испит во материјална форма студентот ја предава на професорот пред почетокот на испитот.
6. По наведениот рок од точка 1. уплата за испити ќе биде со казна од 300 денари/испит.
a
Распоредот со термините за испити по секој предмет ќе биде објавен наскоро.
a
Званичното соопштение ќе го најдете на следниот ЛИНК.