Пријавување испити: зимски испитен рок 2023/2024 година

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ВО ПРВА РЕДОВНА ИСПИТНА СЕСИЈА 2023/24 година

a
Начин на пријавување на испитите: Со физичко присуство, од 08 до 13 часот.

a
1. Пријавувањето ќе биде од 09.01 до 15.01.2024 год.
2. Студентот има обврска испитот/-ите најпрво да го/ги пријави електронски преку „iKnow“-системот, а потоа да дојде и во канцеларијата за Студентски прашања на ХЕФ за пријавата да му биде заверена и физички (со печат).
3. Уплата се врши за испити кои се пријавуваат по втор и повеќе пати, како и за пријавување испити од страна на вонредни студенти. Примерок од уплатницата ќе најдете подолу.
a. Оригиналната уплатница се прикачува кон пријавата и се доставува заедно со пријавата за да биде заверена.
б. Ако пријавувате повеќе испити, целата сума можете да ја уплатите на една уплатница со тоа што за секоја пријава ќе донесете копија од уплатницата.
в. Уплатите извршени преку услугата за електронско банкарство задолжително треба да имаат и печат од банката. Без печат нема да можеме да ви ги признаеме.
4. Студентите задолжително со e-допис да го информираат професорот во кој од понудените 2 (два) термина ќе го полагаат испитот.
5. Пријавата за испит во материјална форма студентот ја предава на професорот пред почетокот на испитот.
6. По наведениот рок од точка 1. уплата за испити ќе биде со казна од 300 денари/испит.

a

Детални информации се достапни на следниот ЛИНК.