Информации за првиот академски час во учебната 2022/2023 година
Почитувани колеги, новозапишани студенти,
Ве известувам дека првиот академски час за студентите запишани во академската 2022/2023 година ќе се одржи на 3.10.2022 година (понеделник), со следниот распоред:
– 10:00 до 10.20 ч. Поздравен говор од деканот на Факултетот (проф. д-р Кирил Сотировски)
– 10:20 до 11:30 ч. Запознавање со правилата на студирање (проф. д-р Панде Трајков, продекан за настава)
– 11:30 до 11:45 ч. Пауза
– 11:45 до 12:30 ч. Воведен час по Екоклиматологија (проф. д-р Никола Николов, предметен наставник)
– 12:30 до 12:45 ч. Пауза
– 12:45 до 13:30 ч. Воведен час по Ботаника (вонр. проф. д-р Бојан Симовски, предметен наставник)
Продекан за настава,
проф. д-р Панде Трајков