ГОЛЕМА АКЦИЈА „РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ШОС“

a

На 19 септември (понеделник) започнa акцијата за ревитализација на Шумско опитната станица (ШОС), при УКИМ Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“.

После една недела веќе имаме видливи резултати!

Студентите, учесници во акцијата, досега имаа можност:
– Да се запознааат со професионалниот алат којшто се користи при подигање и одржување на зелените површини;
– Да научат како безбедно се работи;
– Да кројат и обликуваат растенија;
– Да ги проценат вредните, иако запуштени примероци на дрвја и грмушки;
– Да подготоват и селектираат материјал за биокомпостирање и
– Правилно и безбедно да работат со дробилката за растителен материјал.