Шумарство

Студиската програма Шумарство, од вториот циклус на студии при Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, претставува континуитет на досегашната работа на Шумарскиот факултет во Скопје во поглед на образување кадри од прв, втор и трет циклус. Оваа активност Шумарскиот факултет-Скопје ја исполнува веќе 70 години следејќи ги новините и промените во општеството, а со тоа и производството на високостручни кадри кои ќе можат да се справуваат со најсложените проблеми од областите за кои тие се оспособуваат.

Оваа студиска програма ги вклучува најважните аспекти на шумарството со што на студентите им се овозможува продлабочување на нивните знаења и вештини со цел да се образуваат согласно со нивните афинитети и актуелните потреби на стопанството. Студентите од оваа програма ќе се здобијат со продлабочени знаења од полето на шумарството, односно знаења од повќе областа кои ги покрива шумарството.

Студиската програма ќе овозможи создавање кадри кои по магистрирањето ќе станат дел од институциите и стопанството, и кои ќе внесат новини и креативност во реализацијата на практичните проблеми, како и унапредување и подобрување на квалитетот и капацитетот на институциите и стопанските субјекти кои функционираат во полето на шумарството. Истовремено, магистрите од оваа студиска програма ќе може да бидат вклучени и во јавната администрација чии што функции се поврзани со шумарскиот сектор, во образованието и науката, но и во консултантски, проектантски и производни компании кои што се занимаваат со преработка, производство и трговија со шумски производи.