Пријавување за остварување на правото за субвенциониран студентски оброк

Почитувани студенти,
Во тек е пријавувањето за остварување на правото на 2400 денари месечно по повод субвенциониран студентски оброк!
Пријавувањето се одвива исклучиво по електронски пат!
Рокот за пријавување за тековните студенти е од 1 до 31 август 2021 година. За кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2021/2022 година и кои не го запишале летниот семестаррокот за пријавување е од 1 до 31 октомври 2021 година.
По истекувањето на роковите за пријавување Министерството за образование и наука ќе го извести секој кандидат за статусот на пријавата по електронски пат.
Ги повикуваме сите студенти кои ги исполнуваат следните услови да се пријават на јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран оброк
1.    Кои се државјани на Република Северна Македонија;
2.    Кои се редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети:
3.    Кои не се во редовен работен однос;
4.    Кои не се регистрирани како индивидуални земјоделци и
5.    Кои немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година.
Линк до јавниот повик за пријавување: https://mon.gov.mk/content/?id=4174