УСС УКИМ – Студентски научноистражувачки конференции 2021

Почитувани студенти,

Комисијата за наука при Универзитетското студентско собрание на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во соработка со факултетските студентски собранија на факултетите на УКИМ организира студентски научноистражувачки конференции каде студентите ќе имат можност да пишуваат и презентират сопствен научен труд.

На следниот линк може да се најдат сите детали во врска со регистрација на конференциите и контакт до организаторите за дополнителни прашања:

Исто така може да не контактирате на овој меил: science@students.ukim.mk

Оваа година се организираат пет конференции:
НИСКЕП
Научноистражувачка студентска конференција на Економски и Правен факултет
MEET
Научна студентска конференција на Факултетски студентски собранија на Филозофски факултет и Филолошки факултет „Блаже Конески“
СКГКП
Студентска конференција за глобални климатски промени на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
СНКН
Студентска научна конференција за нутриција на Факултетски студентски собранија на Медицински факултет, Стоматолошки факултет и Фармацевтски факултет
СКУН
Студентска конференција на младите уметници и научници на Факултетски студентски собранија на Технолошко- металуршки факултет, Природно – математички факултет и Факултет за ликовни уметности

Со почит,

Ева Цветковска,
Претседател на Универзтитетско студентско собрание на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Никола Донев,
Потпретседател за наука на Универзтитетско студентско собрание на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје