Работилница „ОДРЖЛИВО УПРАВУВАЊЕ СО ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА, ЕКОСИСТЕМИ И БИОДИВЕРЗИТЕТ“

На ден 16 Јуни 2022 година, од 9:30 – 12:15 часот во Амфитеатарот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ ќе се одржи работилница со следниот наслов:

„ОДРЖЛИВО УПРАВУВАЊЕ СО ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА, ЕКОСИСТЕМИ И БИОДИВЕРЗИТЕТ“.

Работилницата се одржува во рамките на Меѓународната научна конференција по повод јубилејот од 75 години постоење на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ и е дел од проектот Interreg – IPA CBC – „Подобрување на заштитата на приоритетните растенија во прекуграничната област од Северна Македонија и Грција“.

Работилницата ќе биде интерактивна со помош на платформата Vevox и водена од страна на експертите од Грција.

На работилницата се покануваат сите студенти од ХЕФ, како и останатите заинтересирани лица.