Завршна сесија од обуката за „Креирање проекти и предлог-проекти“ и презентација на три предлог-проекти

Почитувани колеги,

а

Обуката за „Креирање проекти и предлог-проекти (и конкурирање пред релевантни институции/тела/донатори)“, која од 12 октомври се одржува секоја седмица во просториите на нашиот Факултет, а ја води фасилитаторот г-дин Зоран Велковски од Интеркултура, е пред самиот крај!

Во оваа обука активно учествуваа повеќето од асистентите и одреден број студенти од ХЕФ. Освен самиот процес на обука, на крајот, преку работа во тимови, произлегоа 3 предлог-проекти.

Наша намера е на последната сесија која што треба да се одржи на 29 ноември (вторник) да се презентираат подготвените предлог-проекти пред поширок аудиториум (професори, асистенти и студенти на ХЕФ).

Преку оваа сесија ќе имаме можност да се запознаеме со предлог-проектите, и потоа преку краток брејнсторминг да поразговараме за самиот процес, но и за предлозите, па и за евентуални идни слични обуки и активности.

а

Ве очекуваме во 6-ка, на 29 ноември (вторник) во 12:00 часот!

Сесијата е предвидена на максимум 45 минути, од кои за секоја од трите презентации се предвидени не повеќе од по 10 минути.

а

Со почит,

проф. Сотировски

декан