Одлука за одобрување дополнителни испитни сесии во учебната 2023/2024 година за студентите на УКИМ ХЕФ (бр. 02-369/5 од 7.11.2023 г.)
Бр.02-369/5
7.11.2023 годинa
Врз основа на член 110 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ број 82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 178/2021) и член 58 од Статутот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје, во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски гласник број 467/2019 и бр.467-Анекс-1/2020), по барање на студентите бр.11-357/1 од 26.10 2023 година, Наставно научниот совет на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ на својата 8-ма (осма) редовна одржана на ден 7.11.2023 година ја донесе следната
О Д Л У К А
за oдобрување на дополнителни испитни сесии во академската 2023/2024 година за
студентите на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
а
I. СЕ ОДОБРУВА дополнителна испитна сесија во зимскиот семестар која ќе трае од 4 до 8 декември 2023 година. Во дополната испитна сесија ќе можат да се полагаат испити по предмети кои студентите ги слушале во летниот семестар од академската 2022/2023 година. Испит можат да пријават и полагаат студенти кои во актуелниот зимски семестар (2023/2024г.) имаат запишано предмети со вкупен број кредити не повеќе од 20. Пријавувањето за испит во дополнителната испитна сесија ќе се врши од 27-ми до 30-ти ноември 2023 година.
II. СЕ ОДОБРУВА дополнителна испитна сесија во летниот семестар која ќе трае од 15 до 19 април 2024 година. Во дополната испитна сесија ќе можат да се полагаат испити по предмети кои студентите ги слушале во зимскиот семестар од академската 2023/2024 година. Испит можат да пријават и полагаат студенти кои во актуелниот летен семестар (2023/2024г.) имаат запишано предмети со вкупен број кредити не повеќе од 20. Пријавувањето за испит во дополнителната испитна сесија ќе се врши од 8-ми до 11-ти април 2024 година.
III. При пријавувањето на испитите студентите треба задолжително да приложат пријава и уплатница во износ од 500,00 денари со назнака за полагање испит во дополнителната испитна сесија, а доколку испитот го полагаат по втор или повеќе пати, дополнително плаќаат 300,00 денари.
IV. Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето.
а
ДЕКАН
проф.д-р Кирил Сотировски