Испитни термини за дополнителна испитна сесија во летен семестар 2025/2026 година

УНИВЕРЗИТЕТ „Св.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ
ФАКУЛТЕТ ЗА ШУМАРСКИ НАУКИ, ПЕЈЗАЖНА АРХИТЕКТУРА И ЕКОИНЖЕНЕРИНГ „ХАНС ЕМ“

ТЕРМИНИ ЗА ЗАВРШНИ ИСПИТИ ВО ДОПОЛНИТЕЛНИОТ АПРИЛСКИ ИСПИТЕН РОК ВО УЧЕБНАТА 2025/26 ГОДИНА

I. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
1. Пријавувањето на испит ќе се врши во периодот од 06.04.2026 г. до 10.04.2026 г.
2. Со електронски допис студентот го известува наставникот дека пријавил испит по соодветен предмет за дополнителната сесија во април.
3. Пријавата за испит во материјална форма студентот ја предава на професорот пред почетокот на испитот.
4. Студентите можат да пријават испит и со задоцнување, но не покасно од еден ден пред закажаниот термин за испит при што плаќаат дополнителни 300 денари.

Напомена: Во дополната испитна сесија ќе можат да се полагаат испити по предмети кои студентите ги слушале во зимскиот семестар од академската 2025/2026 година. Испит можат да пријават и полагаат студенти кои во актуелниот летен семестар (2025/2026 г.) имаат запишано предмети со вкупен број кредити не повеќе од 20.

II. ТЕРМИНИ

Термините за одржување на испитите во дополнителниот априлски испитен рок се достапни на следната директна ВРСКА.