Kонкурс за Erasmus+ студентска мобилност за студирање за зимски семестар во академската 2026/2027 годинa
Kонкурс за Erasmus+ студентска мобилност за студирање за зимски семестар во академската 2026/2027 годинa
Почитувани студенти,
Во прилог го доставуваме текстот на Конкурсот за студентска мобилност за зимскиот семестар во академската 2026/2027 година во рамки на ЕРАЗМУС+ програмата.
Студентите треба да ги достават апликациите во 3 примероци (еден за студентот, еден за Еразмус+ координаторот и еден за Универзитетот) до факултетскиот Еразмус+ координатор (проф. д-р Љупчо Несторовски) најдоцна до 17 април 2026 г. Една апликација треба да ги содржи следниве документи:
- пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
- уверение за положени испити на македонски јазик;
- уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ-универзитетот, издадена од признат центар/школа за странски јазици;
- уверение за редовен студент – запишан семестар/година (на македонски јазик);
- кратка биографија (Europass model);
- мотивациско писмо;
Задолжително:
за студентска мобилност за студирање:
- договор за студирање (Learning Agreement for studies), во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30ЕКТС)
Во прилог ги доставуваме формуларот за пријавување Student Application Form, урнек на договорот за студирање (Learning Agreement for studies) и Europass model.
Факултетот прави ранг-листа на пријавените кандидати согласно со критериумите (успех во студиите, познавање на странски јазик на кој се изведува наставата на универзитетот во ЕУ, мотивација итн.). Потоа, ранг-листата, заедно со писмо од деканот и апликациите во еден примерок, факултетскиот координатор за Еразмус+ ги доставува до Ректоратот најдоцна до 24 април 2026 година. Студентот и Еразмус+ координаторот задржуваат по еден примерок од апликацијата.
При изготвувањето на договорот за студирање треба да се изберат предмети кои ќе бидат признаени по враќањето на студентот, односно компатибилни предмети од наставната програма на двата факултета.
Студентите треба да достават валидна диплома за познавањето на странскиот јазик на кој се изведува наставата.
Сите дополнителни информации и формулари за пријавување и листа на потпишани Еразмус+ билатерални договори може да ги побарате на интернет-страницата на Универзитетот под: Меѓународна сорабoтка – Еразмус+ мобилности – ERASMUS+ – Документи за студентска мобилност (https://ukim.edu.mk/studenti/mobilnosti/erazmus/).
За дополнителни информации и поддршка, обратете се во Одделението за меѓународна соработка или на е-адресата:
Со почит,
Одделение за меѓународна соработка на УКИМ