вонр. проф. д-р Иван Минчев
Вонреден професор
Проф. д-р Иван Минчев дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје во 2004 год. Магистрирал во 2008 година на Медитеранскиот Агрономски Институт во Ханија, Република Грција, на тема „Land cover mapping using object based classification of medium-high and high-resolution imagery”. Докторирал во 2015 година на Шумарскиот факултет во Скопје на темата со наслов: „Развој на методологија за утврдување зашитни зони околу водна акумулација од аспект на ерозијата и транспортот на нанос“.
Од 2011 год. е вработен на Шумарскиот факултет во Скопје како помлад асистент на група наставни програми на „Катедрата за земјиште и вода“. По докторирањето во 2015 година е избран за доцент, а во 2020 година е избран за вонреден професор.
Денес е вонреден професор и изведува настава по предметните програми: „Компјутерски апликации“, „Геоинформатика“ и „Вовед во пределно и просторно планирање“, а исто така изведува и вежби по предметните програми „Геодезија со техничко цртање“,„ Топографија“, „Основи на конзервација на вода и почва“ и „Уредување порои“ (на прв циклус студии). Исто така изведува настава на втор циклус на студии на предметните програми „Геоинформатика 2” и „Проектен циклус во инженерство“.