Оглас за издавање под закуп на дел од недвижен имот и техничка документација

Оглас за издавање под закуп на дел од недвижен имот и техничка документација

Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во Скопје при Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје објавува ОГЛАС за издавање под закуп на дел од недвижен имот лоциран во зградата на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ на адреса: ул. „16-та Македонска бригада“ бр.1-Скопје, Гази Баба, ИЛ бр. 1030, КО Гази Баба, за вршење на дејност поврзана со подобрување на условите на студентите и вработените на факултетот и тоа:

1. просторна локација со површина од 18 м², со намена фотокопирница.
2. просторна локација во сутеренскиот дел со површина од 77 м², со намена бифе.

Поблиските услови за закуп се дефинирани со техничката документација за јавниот оглас. Критериум за избор е највисока понудена цена за месечна закупнина за вкупна површина, без пресметан ДДВ.

Ги известуваме сите заинтересирани страни дека техничката документацијата за огласот е објавена и може да се подигне од архивата на Факулетот до крајниот рок за поднесување на понуди или на ОВОЈ ЛИНК.