Почитувани колеги, Ни претставува огромна чест и задоволство да Ве известиме дека оваа година повторно ќе се организира INNO-SAE. Студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere - INNO-SAE 2021 е заедничка иницијатива на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ и Универзитетското студентско собрание при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” - Скопје насочена кон стимулирање на иновативниот капацитет на студентите.

Претставници на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, деканот проф. д-р Сотировски со продеканите проф. д-р Стојановска и проф. д-р Трајков, положија цвеќе на спомен-обележјето на Светите Кирил и Методиј во кампусот на општествените науки и ректоратот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по повод патрониот ден на Универзитетот, 24 мај.