Нашата визија

Визијата на УКИМ ХЕФ се заснова на заштитата и унапредувањето на шумите во Македонија како еден од најважните национални ресурси, нивните функции и услуги, остварување на висока свест кај стручната и пошироката јавност за севкупните вредности на шумите и зелените површини како фактор за благосостојбата на луѓето. Факултетот е посветен на континуирано подобрување на квалитетот на високото образование и научните истражувања, што овозможува вклучување во единствениот систем на европското високо образование.

Нашата мисија

Зачувување, заштита и унапредување на шумите и биодиверзитетот

Обезбедување на современи сознанија за намалување и спречување на негативните појави како: намалување на биолошката разновидност, исчезнување на видовите, опустинувањето, ерозијата на почвите, деструкции предизвикани од инвазивни видови.

Воведување на современи методи, техники и алатки во планирањето, одгледувањето и управувањето со шумите и природните богатства.

Промовирање и воспоставување на принципот на одржливо стопанисување со шумите, заштитените подрачја и природните богатства како единствен начин за долгорочно обезбедување на функциите на шумите и екосистемските услуги од истите.

Обезбедување на стручен кадар

Образување и оспособување на студентите со знаења и вештини од поширокото поле на шумарството (шумарство, пејзажна архитектура, екоинженеринг и екоменаџмент).

Континуирано збогатување на библиотечниот фонд и издавачката дејност на Факултетот за обезбедување на учебници и стручна литература за студентите и придонес за напредокот на научната и стручната мисла преку објавување на трудови во списанието „Шумарски преглед“ на кое е основач и издавач, но и во други домашни и странски списанија.

Доближување на современите европски и глобални искуства од шумарството, пејзажната архитектура, заштитата на природните ресурси и еколошкото инженерство до идните академски граѓани, еко инженери и доносители на одлуки.

Осигурување на долгорочна поврзаност на идните инженери по шумрски науки. пејзажна архитектура и екоинженеринг со природата и нејзините вредности преку спроведување на бројни теренски настави и истражувања, како и преку посета на разни едукативни работилници, семинари, саеми и слично каде студентите можат да ја покажат својата иновативност, разновидност и слобода на мислење, спроведување на современи идеи, научни и технолошки достигнувања, со цел континуиран развој на општеството и остварување на благосостојба за сите луѓе.