Пристап до информации од јавен карактер
Годишен извештај за 2024 за слободен пристап на информации од јавен карактер
Годишен извештај за 2023 за слободен пристап на информации од јавен карактер
Годишен извештај за 2022 за слободен пристап на информации од јавен карактер
Годишен извештај за 2021 за слободен пристап на информации од јавен карактер
Годишен извештај за 2020 за слободен пристап на информации од јавен карактер
Граѓаните на Република Северна Македонија (баратели на информации од јавен карактер) можат да добијат информација од јавен карактер со пополнување на писмено Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го симнат тука:
Образец за Барање за пристап до информации од јавен карактер
Барањата може да се достават до службено лице за посредување при остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер:
проф. д-р Љупчо Несторовски, редовен професор.
ljupcho.nestorovski@sf.ukim.mk
Со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се уредуваат условите, начинот и постапката за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат органите на државната власт и други установи и институции утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, јавните установи и служби, јавните претпријатија, правни и физички лица што вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес, утврдени со закон (во натамошниот текст: иматели на информации).
Имателите на информации се должни редовно да водат и да ја ажурираат листата на информации со кои тие располагаат и да ги објавуваат на начин достапен за јавноста (интернет страница, огласна табла и друго).
Имателот на информации е должен да овозможи бесплатен пристап до информациите да ја информира јавноста за:
- основните податоци за контакт со имателот на информацијата и тоа: назив, адреса, телефонски број, број на факс, е-маил адреса и адресата на веб страницата;
- начинот на поднесување на барање за пристап до информации;
- прописи кои се однесуваат на надлежноста на имателот на информации, поврзани со регистарот на прописи објавени во службеното гласило;
- предлог на програми, програми, стратегии, ставови, мислења, студии и други слични документи кои се однесуваат на надлежноста на имателот на информации;
- сите повици во постапката за јавните набавки и тендерската документација утврдени со закон:
- податоци за неговите надлежности утврдени со закон;
- организацијата и трошоците на работењето, како и за давањето на услуги на граѓаните во управната постапка и за своите активности;
- издавање на информативни билтени и други облици на информирање;
- интернет страницата за објавување на одлуки, акти и мерки со кои се влијае на животот и работата на граѓаните и
- други информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на имателот на информации.