Пријава на корупција

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“

Што е корупција:
Корупција е намера на лице да бара, прима или дава корист за себе или за друго лице за да делува спротивно на своите обврски или законски надлежности.

 

Против кого може да се поднесе пријава:
• Лица вработени на УКИМ ХЕФ.
• Студенти на сите циклуси на студии.
• Секое друго лице вклучено во активности на факултетот.

 

Процедура за пријава на корупција
Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ (УКИМ ХЕФ) овозможува поднесување пријава за корупција преку електронска пошта. Студентите можат да поднесат пријава преку испраќање на е-пошта до одговорното лице од Факултетот назначено за постапување по пријава за корупција (Хелга Спасова – Дика, дипл.прав., Секретар на Факултетот. Е-пошта: helga.s.dika@sf.ukim.edu.mk)

 

Задолжителна содржина на пријавата за корупција:
1. Име и презиме на лицето против кое се поднесува пријавата.
2. Детален опис на случајот.
3. Контакт информации на подносителот (доколку не е анонимно).

 

Заштита на подносителот:
Анонимноста на подносителот е загарантирана, доколку се бара.

 

Рокови за постапување:
• Одговор на пријавата: 30 дена.
• Завршување на постапката: 60 дена.

Акт за постапка по пријави за корупција на УКИМ ХЕФ:
Правилник за работата на овластено лице за прием на пријави на корупција на УКИМ ХЕФ.