Факултетско студентско собрание (ФСС на ХЕФ)

Факултетското студентско собрание на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ – Скопје (ФСС ХЕФ) е тело на Факултетот во кое членуваат претставници на студентите. Претставниците во факултетското студентско собрание се избираат на непосредни, фер и демократски избори со тајно гласање.

Право да избираат и да бидат избрани за членови на факултетското студентско собрание имаат сите студенти на Факултетот, кои се запишани на студии во учебната година во која се избира факултетското студентско собрание. Мандатот на членовите и на претседателот на факултетското студентско собрание трае една година, со право на уште еден избор. Изборот на членовите и на претседателот на факултетското  студентско собрание се одржува секоја година во термин утврден со Статутот на Универзитетското студентско собрание.

Заради остварување на правата и заштита на интересите на студентите, факултетското студентско собрание ги избира и разрешува претставниците на студентите во органите на факултетот, во согласност со закон, со Статутот на Универзитетот и Статутот на факултетот. Работата на факултетското студентско собрание се финансира со средства на факултетот во рамките на кој делува факултетското студентско собрание.

Со факултетското студентско собрание претседава претседател кој се избира на непосредни и тајни избори. Претседателот на факултетското студентско собрание ги извршува одлуките на факултетското студентско собрание, ги застапува студентите и факултетското студентско собрание и е одговорен за неговата работа.

Изборите за членови и за претседател на ФСС ХЕФ ги распишува деканот задолжително во рок од 30 дена пред нивното одржување. Во одлуката за распишување на избори деканот именува изборна комисија составена од студенти и наставници, односно соработници која ги спроведува изборите за членови на факултетското студентско собрание. Мнозинството на членови на изборната комисија ја сочинуваат студентите.

Постапката за избор и бројот на членовите на ФСС ХЕФ, како и органите на ФСС ХЕФ и начинот на нивниот избор се уредуваат со Статутот на ХЕФ во согласност со Статутот на Универзитетот. ФСС ХЕФ исто така делува врз основа на свој Статут, што го донесува по претходна согласност од Наставно-научниот совет на ХЕФ.

ФСС ХЕФ делегира свои претставници во Деканатската управа и во Наставно-научниот совет на ХЕФ, преку кои студентите учествуваат во работата на органите и телата на Факултетот. Исто така избира заменик студентски правобранител, и делегира свои претставници во Универзитетското студентско собрание (УСС УКИМ), кои, пак, учествуваат во работата на органите и телата на Универзитетот.

Претседател на ФСС ХЕФ:

  • Анастасија Милошоска, студент од четврта година, насока Пејзажно дизајнирање.

 

Членови на ФСС ХЕФ

Од прва година:

  • Викторија Сиљаноска, насока Шумарство
  • Дамјан Гишев, насока Пејзажна архитектура
  • Маја Симоновска, насока Екоинженеринг и екоменаџмент

Од втора година:

  • Алдин Колеци, насока Шумарство
  • Анастасија Митревска, насока Пејзажна архитектура
  • Михајло Албанов, насока Екоинженеринг и екоменаџмент

Од трета година:

  • Иван Петровски, насока Шумарство
  • Данче Којова, насока Пејзажно дизајнирање (Пејзажна архитектура)
  • Антонио Поповски, насока Екоинженеринг и екоменаџмент

Од четврта година:

  • Фиданка Сокаровска, насока Шумарство
  • Јована Богеска, насока Пејзажно дизајнирање (Пејзажна архитектура)
  • Петар Крстевски, насока Екоинженеринг и екоменаџмент